Хали Бери: Бременоста е најголемото изненадување во мојот живот

Медиумите во текот на викендот ја објавија веста дека оскаровката Хали Бери (47) и нејзиниот француски вереник Оливие Мартинез (47) чекаат дете, а актерката во првото обраќање кон јавноста после тоа изјавила дека и самата била изненадена.

„Ова беше најголемото изненадување во мојот живот“, изјавила познатата актерка за CNN. „Искрено, мислев дека веќе влегов во годините во кои тоа веќе не е ниту возможно, така што ова беше едно големо и прекрасно изненадување“.

Иако некои таблоиди веќе објавија дека двојката очекува син, сепак, Хали инсистирала дека се уште не го знаат полот на детето.

Актерката ја има петгодишната ќерка Нала, со канадскиот манекен Габриел Обри, а со Мартинез е во врска од 2010-та година. Французинот се забавувал со многу познати убавици, но ова ќе биде негово прво дете.

- Реклама -