Хамнеи: Смртта на Синвар нема да ја запре Оската на отпорот

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар нема да ја запре Оската на отпорот и оти Хамас ќе продолжи да дејствува.

– Неговата смрт е несомнено болна за Оската на отпорот, но овој фронт не престана да напредува со мачеништвото на истакнати личности. Хамас е жив и ќе остане жив, посочи Хамнеи.

Синвар, организаторот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Појасот Газа, беше убиен во судир со израелските сили на 16 октомври.

– Тој беше блескаво лице на отпорот и борбата. Со челична одлучност му се спротивстави на суров и агресивен непријател. Со мудрост и храброст на 7 октомври му зададе непоправлив удар, што остана запишан во историјата на овие простори. Потоа се искачи со чест и гордост до рајот на мачениците, наведе Хамнеи.

Прочитајте и:  ИДФ и Шин Бет објавија дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар

Оската на отпорот е создадена со поддршка на Иран, а ги вклучува Хамас, либанската група Хезболах, движењето Хути во Јемен и различни шиитски групи во Ирак и во Сирија. Групите се спротивставуваат на Израел и американското влијание на Блиски Исток.

- Реклама -