Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија со кои се бара Унгарија да го екстрадира Груевски во Македонија, еврокомесарот за проширување – Јоханес Хан изрази сомневање дека такво нешто ќе се случи.

Тој порача дека ја разбира позицијата на Европскиот Парламент и се надева дека Груевски ќе биде екстрадиран, но оцени дека тоа „не е многу веројатно, бидејќи двете земји немаат спогодба“.

- Реклама -