Хан: Од Орбан очекувам издржано објаснување за одлуката за азил на Груевски

Еврекомесарот за проширување – Јоханес Хан, даде краток коментар за информацијата дека му е одобрен азил на Никола Груевски во Унгарија, прозивајќи го унгарскиот премиер Виктор Орбан да објасни врз каква основа е донесена таквата одлука. Притоа, Хан очекува објаснувањето на Орбан да биде поткрепено со издржани аргументи.

„Владеењето на правото останува основен принцип како за земјите членки, така и за земјите кандидати за пристапување. Тоа (владеењето на правото) е од клучно значење за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во НАТО, а не ја смета за безбедна земја“, напиша Хан.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -