Харли Дејвидсон ќе вози на батерии

popup_254_HD-1000-1

Легендарната американска компанија Harley-Davidson ја потврди својата намера до 2021 година да лансира свој прв целосно електричен модел со сериско производство.

popup_703_HD-1000-2

Во 2014 година производителот на мотоцикли претстави работен прототип на електричен мотор под името LiveWire, но тој никогаш не се најде на тапет како тема за сериско производство. Сепак, по две години работите се сменија, па се очекува претстојниот мотоцикл, за кои произведителот веќе даде зелено светло, да биде базиран токму на оваа концептна технологија.

popup_238_HD-1000-3

Некои ќе речат дека еколошки мотор од Harley-Davidson е нешто исто толку апсурдно како безалкохолно пиво. Сепак, компанијата е далеку попозната по бучни, моќни, со трошење на многу литри гориво на изминат пат, мотоцикли. Вистински грдосии, но дури компаниите-икони за производство на ѕверки, се насочуваат на производство во согласност со промените кои се случуваат во автопроизводството и преминуваат кон електрични и хибридни модели, па таков е случајоѕт и со Harley-Davidson.

popup_814_HD-1000-4

LiveWire постигнува максимална брзина од 160 km/h, a забрзувањетo од 0 до 100 km/h e за четири секунди. Тогаш најголем проблем беше автономијата, со едно полнење тој можеше да мине само 70 km, a по моќната верзија – едвај 45 km. Дали новиот електро-мотоцикл ќе биде подобар и дали старите рокери ќе уживаат да јаваат електрични возило, допрва треба да видиме.

popup_572_HD-1000-5

Автоплус

- Реклама -