Овие неверојатно детални хартиени скулптури изгледаат како 3D верзии на витражи. Тие се составени од стотина слоеви хартија кои создаваат смирувачки медитативни форми. Секое дело изгледа како да е изрезбано од една книга со листови во различна боја и открива комплицирани геометриски облици кои се повторуваат.
Она што е уште поинтересно е што не само што имаат длабочина, туку резбите се украсени и со ленти или мостови кои лебдат над остатокот од делото. Резбите се дело на Ерик Стендли. Неговите дела, кои се обично дебели околу 7,5 сантиметри, се преполни со детали.