Хегсет го одбрани рекордниот воен буџет: „Ситуацијата е приоритетна“

Војната на САД против Иран досега ја чинела американската држава околу 25 милијарди долари, соопштија од Пентагон, додека администрацијата на Доналд Трамп бара рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари за фискалната 2027 година. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, за прв пат се обрати пред Конгресот од почетокот на конфликтот, бранувајќи го предлог-буџетот и нагласувајќи дека тој „ја одразува итноста на ситуацијата“.

„Претседателот има намера да ја врати американската одбранбена индустрија на воена основа“, изјави Хегсет пред законодавците. Тој повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје и дека се работи на нов договор. „Мора да ги доведеме до точка во која ќе седнат на маса и ќе се откажат од тоа“, рече Хегсет, додавајќи дека Иран, и покрај претходните напади, сè уште има нуклеарни амбиции и значителен ракетен капацитет.

Прочитајте и:  Ахмед Ради – стрелецот што 15 часа го тераа да шутира во ѕид

На сослушувањето се изнесе и првите конкретни податоци за трошоците од конфликтот. Претставникот на Пентагон, Џулс Херст, истакна дека најголемиот дел од средствата се потрошени за муниција. Сослушувањето се одржа во услови на зголемени тензии во Конгресот, каде што дел од пратениците бараат детали за стратегијата, употребеното оружје и вкупните трошоци од војната.

Според американскиот Устав, само Конгресот може да одобри војна, но во овој случај не е спроведено гласање, што дополнително ги заострува политичките притисоци. Пратениците изразуваат загриженост и за економските последици од конфликтот, особено за влијанието врз цените на горивата и храната.