Хербивор е термин кoj го означува хетеросексуалниот маж на модерното време – нежен, повлечен и наизглед незаинтересиран за жените. Трендот сè повеќе станува популарен во Јапонија каде мажите без срам ја прифаќаат својата „женска страна“.
Хербивор е термин кoj го означува хетеросексуалниот маж на модерното време – нежен, повлечен и наизглед незаинтересиран за жените. Трендот сè повеќе станува популарен во Јапонија каде мажите без срам ја прифаќаат својата „женска страна“.
Долги шишки и тесни фармерки – овие млади луѓе стануваат познати како јапонските „хербивори“ (зборот доаѓа од јапонската фраза за „момчињата кои јадат трева“), момци кои се хетеросексуални, но кои велат дека не се особено заинтересирани за жени и секс. Тие се повеќе привлечени од потивок, помалку компетативен живот, фокусирајќи се на семејството и пријателите и отфрлајќи го мачо кодексите на традиционалните јапонски мажи.
Тоа се мажи како Јукихиро Јошида, 20 годишен студент по економија, кој е освестен хербивор. „Не преземам никаква иницијатива со жените, не зборувам со нив.“ вели тој црвенеејќи. „Радо би зборувал со некоја девојка, доколку таа прва го започне разговорот, но јас самиот никогаш не би го направил првиот чекор.“
Поголем број од неодамнешните истражувања сугерираат дека околу 60% од младите јапонски мажи – на возраст од 20-30 години, се идентификуваат себеси како хербивори. Нивната Секс и градот е телевизиската серија Otomen или Girly Guys. Главниот лик во неа е експерт за боречки вештини и најмажествен дечко во цело училиште, но неговите тајни хобија се шиење, готвење и плетење облека за своите плишани играчки. [In Japan, ‘Herbivore’ Boys Subvert Ideas Of Manhood]