Хероин и шампањско се виновни за смртта на младиот актер

Три месеци не конзумирал дрога и алкохол, а на крајот смртно му пресудија хероин и шампањско, покажаа конечните резултати од обдукцијата на 31-годишниот Кори Монтеит.

Ѕвездата на серијата „Glee“ се бореше со зависноста од дрога, а во одвикнувањето му помагаше неговата девојка и колешка Леа Мишел, но тој по кратко повторно им се враќаше на пороците.

LMicheleCMonteith_900-600-06-21-12

Нговото тело беше пронајдено на 13 јули во хотел во Ванкувер, а со него во собата имало и две шишиња шампањско. Исто така беше утврдено дека истата вечер земал и хероин.

- Реклама -