Германскиот турист Марсел Глеф бил на одмор во Норвешка со своето семејство. Во мигот кога започнал масакарот на островот Утоја, тој се наоѓал на неколку километри оддалеченост, во чамец. Откако ги чул истрелите, тргнал кон островот за да помогне. На крајот, Глеф спасил 20 момчиња.
Во интервјуто за германското списание „Дер Шпигел“, Марсел Глеф изјавил дека на почетокот, многу од момчињата што успеале да скокнат во водата стравувале дека тој е соучесник на терористот што отвори оган на островот, па се обидувале да испливаат подалеку од чамецот, плачеле и викале: „Бегај!“, „Не се приближувај“, „Дали ќе нè убиеш?“ Но, тој продолжил да фрла појаси за спасување и јажиња и едно по едно ги извлекувал од водата.
Тој направил најмалку четири тури пред полицијата да му каже да престане и спасил 20 момчиња од водата. „Го направив тоа инстинктивно“ рекол тој. „Не се плашите во таква ситуација, туку едноставно го правите тоа што е неопходно“. Сè додека постојат луѓе како Марсел Глеф, кои се противтежа на монструмите во светот, ќе постои и надеж за иднината. [Hero of Utoya island: German holidaymaker saved 20 youngsters from massacre using rented boat]