Хеви-металките на Боцвана

Мили Ханс е навидум обична жена од Боцвана. Се враќа од работа, готви вечера за нејзините деца, чисти по куќа, но потоа ги облекува кожните панталони и си рока Battle Hymn од Manowar – песна со стихови како “Gone are the days, when freedom shone, now blood and steel meet bone.”

https://youtu.be/EykYkbWmG5c

Мили не е единствената. Има и други жени како неа. „Leathered Skins, Unchained Hearts“ е фото-серија на јужноафриканскиот фотограф Пол Шиакалис, во која главна улога имаат токму жените од металхед субкултурата во Боцвана. Тие се обични луѓе, како и Мили. Некои од нив работат во полиција, други работат во обезбедување. Трети работат во државна администрација или се професионални војници, но најголемиот дел се домаќинки. Повеќето имаат сопрузи и деца. Сите ги издвојува нивната пасија за метал музиката.

Феминизмот може да е тежок концепт за сфаќање кога никогаш не сте имале реална потреба да ја преиспитате патријархијата, објаснува Шиакалис. Во Боцвана имаат. Таму се очекува жените да им се потчинети на мажите. Најчесто мажите имаат економска контрола врз своите сопруги, а жените имаат ограничени права и автономија. На пример, дури во 2012-та жените во Боцвана добија право да наследуваат имот од своите семејства.

Со други зборови, да се биде металка во Боцвана не е лесно. Но жените од заедницата Марок, која е нешто поотворена од своето опколување и каде ќе сретнете најмногу од металките, свесно или не, го размрдуваат статус-квото и го промовираат правото на самоизразување. Тие поинспиративните, во интерните кругови ги нарекуваат „кралици“ на движењето.

Но и да си Марок металка не е многу подобро. Кога дечкото на една од нив открил дека била дел од фото-сесијата со Шиакалис, сакал да ја претепа на лице место. Затоа, многу од металките си ќутат и си ја чуваат музичката страст за себе. Некои имаат и одделни профили на социјалните мрежи – еден под нивното вистинско име, друг под нивниот хеви-метал псевдоним. Но вака или така, во Боцвана продолжува да се рока метал.

Повеќе: ТУКА.

- Реклама -