Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека „би сакал Србија да сфати и да признае дека Косово е независна држава“.
„Луѓето велат дека Србија едноставно треба да разбере дека Косово е независна држава, да го преболи тоа и да продолжи понатаму. И јас би сакал да го стори тоа, но факт е дека проблемот е многу покомплексен“, рече Хил.
Зборувајќи на Белградската безбедносна конференција (БСЦ), Хил оцени дека Србија и Косово на крајот ќе треба да дојдат до политичко решение за кој и да утврдат дека е одговорен за настаните во Бањска на северот на Косово.
„Сега имаме проблем што треба да се реши. Кој и да е одговорен за тоа, ние ќе мора да имаме политичко решение, ќе мора да седнеме и да сфатиме што е фер“, рече Хил, говорејќи на Белградската безбедносна конференција.
Тој изјави дека ова решение подразбира „некаков статус“ за Србите на Косово, а од друга страна „поголема интернационализација“ за Косово.
„Треба да ги охрабриме двете страни да се слушаат една со друга“, потенцираше Хил.
Извор: МИА