Хилари Клинтон: Потребно е да го сопреме насилството на Путин во Сирија

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека би заземала тврд став против рускиот претседател Владимир Путин во поглед на Сирија.

Таа наведе и дека би превземала „повеќе од лидерска позиција“.

За време на претседателската дебата на Демократската странка во Лас Вегас, Клинтон ја искритикува политиката на Русија во однос на Сирија.

„ Мораме да го спречиме неговото насилство, бидејќи е јасно дека Русија мора да биде дел од решението“, вели таа.

Клинтон за време на расправата прв пат го искритикува својот поранешен шеф Барак Обама.

Таа исто додаде дека би создала „сигурносна зона“ во обид да ја спречи масовната бегалска криза и дестабилизација на регионот.

- Реклама -