Хит јапонска гејминг столица

Ако гејминг и конзоли ти се битен дел од животот, ова може да е еден од продуктите за кои нема да прашаш за цена. Во Јапонија е вистински хит. Се вика Buddy (другар) и има прилагодлив „’рбет“ кој се адаптира на стомакот или грбот, и нуди потпора ем за твојот вистински ‘рбет, ем за главата, ем за рацете. Уште неизлезена во продажба, веќе е во топ 3 бестселер продуктите „за дома“ на „јапонскиот“ Amazon. Ако ви се ризикува со кликање рандом копчиња или Гугл транслејт, можете да ја порачате за околу 40 долари. Ќе беше фино да имавме ваква кога рокавме Нинтендо како мали.

- Реклама -