Какво време да се биде фан на Витни Хјустон! За следната година најавена е светска турнеја на пејачката, а фановите повторно ќе имаат прилика да ги слушнат во живо безвременските хитови како „I wanna dance with somebody“ i „I will always love you“.
Од друга страна, ова „во живо“ е малку проблематично, бидејќи пејачката тоа не е. Ако за момент заборавивте, живoтoт на Витни Хјустон згасна пред 7 години, на нејзина 49-годишна возраст. Па тогаш, кој ќе пее на турнејата? Нејзин холограм, ете кој.
За турнејата извести магазинот Rolling Stone, а според информациите, првиот концерт ќе се одржи во Мексико, на 23 јануари. Концерти ќе има и во Даблин, Брајтон, Лондон, Брисел, Амстердам, Гент, Цирих итн., а последниот ќе се одржи на 3 април, во Минск. Турнејата ќе ја реализира компанијата BASE Hologram, која продуцираше и емисии со Бади Холи (1936 – 1959) и Рој Орбисон (1936 – 1988), како и со оперската пејачка Марија Калас (1923 – 1977).
„ ‘Чудно’ е единствениот збор кој ги опишува постхумните настапи на популарните уметници“, пишува Rolling Stone, додавајќи дека многумина на турнејата гледаат како на бесчувствително искористување на пoкojната пејачка, чиј холограм, патем, ќе „пее“ во друштво на бенд и пратечки вокали, како и танчери.
BASE Hologram, од друга страна, е зафатена со промоција. Така, на пример, компанијата објави најава за турнејата со зборовите: „ВЕЧЕР СО ВИТНИ – турнеја на холограмот на Витни Хјустон“, но и фотографија од стајлингот во кој ќе се појави холограмската Витни.
Судејќи по реакциите, пак, покрај големиот број воодушевени, голем дел од фановите се категорично против ваквата турнеја:
„Ова е одвpaтно и покажува дека воопшто не ја почитуваат (Витни Хјустон)“, е најчестиот коментар.