H&M ја претставува својата најнова женска колекција, инспирирана од светот на популарната серија на HBO® – „Белиот лотус“. Колекцијата е создадена во соработка со костимографот на серијата, Алекс Боваирд, и Warner Bros. Revelation Global Consumer Products. Модната линија пристигнува точно во пресрет на долгоочекуваната трета сезона, а ќе биде достапна во одбрани продавници на H&M ширум светот, како и онлајн, од 20 февруари 2025 година.
Оваа капсулна колекција,составена од 25 парчиња,носи динамични бои,впечатливи дезени и смели силуети,инспирирани од стилските избори на ликовите во серијата. Дизајнот ја отсликува атмосферата на луксузен одмор, создавајќи комбинации што лесно можат да се приспособат за дневни моменти покрај базенот или за вечерни излегувања со стил.
Боите во колекцијата зрачат со енергија и ведрина, носејќи го чувството на летно уживање. Ткаенините се лесни и проѕирни, дополнети со нежни карнери што го следат секое движење. Во оваа модна линија ќе се најдат летни наметки со цветни детали, дизајнирани за удобност и елеганција, како и парчиња украсени со романтични мотиви инспирирани од цветот на лотусот.
„Креирањето на оваа колекција ни овозможи да доловиме гламур и магија, карактеристични за одморалиштата. Одморите се момент кога секој може да изрази поинаков стил и да експериментира со изгледот, а оваа колекција е токму таква – разновидна и лесно приспособлива. Може да биде облека за на плажа,но,со вистинските додатоци,лесно се трансформира во одличен вечерен стајлинг“,изјави Ан-Софи Јохансон,креативен советник во H&M.
Гардеробата вклучува стилови за секоја пригода – од ретро фустани инспирирани од 1960-тите, преку нежни тантелни модели, до долги романтични наметки. Додатоците како плетени шешири, чанти и накит во златни тонови со мониста и школки дополнително го надополнуваат впечатокот на безгрижно летно уживање. Очила за сонце и папучи, пак, ја завршуваат целосната модна приказна.
„Соработката со тимот на H&M ми беше вистинско уживање. Во серијата имаме една фраза – ’Ништо не е премногу за Белиот лотус!‘, што во целост се одразува на оваа колекција. Привлечни дезени, луксузни материјали и комбинации што лесно се адаптираат за различни пригоди – тоа ја прави оваа модна линија совршена. Може да ја носите преку целиот ден, од утринските моменти покрај базенот, па сè до љубопитните вечерни излегувања“, истакна Алекс Боваирд, костимограф на „Белиот лотус“.
Премиерата на третата сезона на „Белиот лотус“ е закажана за 16 февруари 2025 година на HBO и Max.




