Фудбалската репрезентација на Македонија во четврток ќе се соочи со Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Данските играчи се полни со оптимизам, не само за овој натпревар, туку и за можноста за учество на Мундијалот. Расмус Хојлунд изјави дека „не планирал летен одмор“, потврдувајќи го позитивниот дух во екипата.
„Имаме реална шанса. Со целосна почит кон Македонија и противниците како Чешка или Ирска, тие не се Франција или Германија. Убеден сум дека имаме можност да се пласираме и ја треба да ја искористиме,“ изјави соиграчот на Елиф Елмас.
Фото/ EPA




