Холандија до 1-ви ноември ќе одлучи дали ќе учествува на Евровизија во 2025-та


Холандија до 1-ви ноември ќе одлучи дали ќе учествува на Евровизија следната година, откако овогодинешниот холандски кандидат Јост Клајн беше дисквалификуван, објави во четвртокот холандската телевизиска групација AVROTROS, потврдувајќи ги информациите на холандските медиуми.

Телевизијата објави дека води преговори со Европската радиодифузна унија (EBU), која го организира натпреварот.

„За да му се даде шанса на конструктивниот дијалог да бие успешен, AVROTROS побара одложување на одлуката за учеството. EBU го одобри одложувањето до 1-ви ноември, за што сме благодарни“, се наведува во објавата.

Куќата AVROTROS во јуни соопшти дека не е сигурен дали ќе учествува на натпреварот следната година во Базел, откако холандскиот натпреварувач 26-годишниот Клајн беше дисквалификуван по жалба од членка на продукцискиот тим.

Шведските обвинители ја прекинаа истрагата за инцидентот во август, објаснувајќи дека „очевидец на инцидентот“ имал поинаков впечаток за гестот со раката на Клајн.

Клајн ја изведе песната „Europapa“ и на почетокот важеше за еден од фаворитите за победа на Евросонгот.

- Реклама -