Холивуд го исфрла сексот од филмовите

Романтични, провокативни или опасни, секс сцените отсекогаш биле заштитен знак на Холивуд. Сепак, изгледа дека дојде време тие да исчезнат.

Некогаш филмот немаше никакви шанси за успех доколку во него нема секс. Денес, филмските магнати сметаат дека сексот прилично ја одбива публиката, а експертите велат дека интимните љубовни сцени исчезнале од филмските сценарија во последните 18 месеци.

101559298451506fdd6afa7098436876_orig

Ова не се случува само поради тоа што продуцентите сакаат да ја избегнат ознаката „само за возрасни“, туку и бидејќи жените внимаваат кој филм ќе го гледаат заедно со нивниот партнер.

Меѓу најуспешните примери за привлекување на публиката со секс е славната сцена со прекрстените нозе на Шерон Стоун во филмот „Ниски страсти“, но и речиси сите сцени од филмот „Девет и пол недели“ во кој се појави Ким Бесинџер. Винсент Брузес, претседателот на филмската дивизија и компанија за маркетингшко истражување, наведува како продуцентите започнале да ги исфрлаат секс сцените од сценаријата.

211586809751506fdec141a875260344_orig

„Сцените за секс се пишуваа, без обзир на текстот, за да ги зачинат филмовите. Денес можете да добиете ознака „само за возрасни“ и на тој начин да ја изгубите малолетната публика. Поради тоа продуцентите сега ги исфрлаат таквите сцени уште при самото снимање. Прашање: Дали нам навистина ни е потребен сексот? Можеме наместо тоа да го исполниме просторот со заслепувачки специјални ефекти и да го зачуваме знакот за фамилијарен филм“, вели Брузес.

Сите укажуваат на тоа како годинашните кандидати за Оскар содржеле многу насилство во нив, а ниту малку експлицитни сцени со секс. Оние поновите филмови кои содржеле секс сцени не ни успеале да ја привлечат публиката. Меѓу нив се најдоа „The Sessions“ со Хелен Хант и „The Paperboy“ со Никол Кидман во главната улога.

9979207925150719ca54a3873697833_orig

Филмските продуценти се очајни во обидите да ја избегнат ознаката „Само за возрасни“ со оглед на тоа што младата публика е најбројна во кино-салите и најзаслужна за успехот на гледаноста на филмовите. Трендот е поврзан со извештаите од истражувањата на студиото на „Ворнер Брос“, според кое, жените над 25 години одлучуваат кој филм ќе го гледа двојката.

Истражувањата покажале дека процентот на филмови означени со „+18“, рапидно опаѓа. само два филма кои содржат секс и голотија во минатата година, успеале да дојдат до првите 10 места во бокс-офисот.

- Реклама -