Холивудски тренинг

Марк Волберг Иако е сè поретко како пракса, посветените холивудски режисери и натаму ги тераат актерите да пристапуваат кон своите улоги со огромна сериозност, подложувајќи ги на напорни, понекогаш и екстремни тренинзи.


Иако е сè поретко како пракса, посветените холивудски режисери и натаму
ги тераат актерите да пристапуваат кон своите улоги со огромна
сериозност, подложувајќи ги на напорни, понекогаш и екстремни тренинзи.

„Последниот Мохиканец“
„Последниот Мохиканец“
За улогата во овој филм, Даниел Деј Луис се подготвувал живеејќи неколку месеци во дивината. Јадел само тоа што успевал да улови и постојано со себе ја носел долгата пушка, за што подобро да влезе во улогата.

„Последниот самурај“
„Последниот самурај“
За оваа улога, Том Круз поминал 2 години учејќи да зборува јапонски и да ракува со самурајски меч.

„Суперполицаец“

„Суперполицаец“
Мишел Јео учела да вози мотор само еден ден пред снимањето на сцената во која возејќи скока на воз во движење.

„Снајперист“

„Снајперист“
За оваа улога, Марк Волберг бил подучуван од поранешниот снајперист од американските маринци – Патрик Герити. Волберг научил да пука толку добро, што на крајот можел да погоди мета оддалечена преку еден километар и умеел да го прави тоа со обете раце.

„Брзи и бесни“

„Брзи и бесни“
Мишел Родригез и Џоана Брустер морале да научат да возат за да играат во овој филм. Пред снимањето, се немале ни обидено да го прават тоа.

„Без резервации“

„Без резервации“
Кетрин Зета-Џонс работела како келнерка во њујоршкиот ресторан Фиама како подготовка за нејзината улога. За сето време, никој не се посомневал дека храната му ја носи славната холивудска актерка.

„Таксист“

„Таксист“
За улогата во „Таксист“, Роберт де Ниро работел по 12 часа секој ден, цел месец, возејќи вистинско такси во Њујорк.

„Спасувајќи го војникот Рајан“
„Спасувајќи го војникот Рајан“
Главните актери во оваа воена драма: Том Хенкс, Том Сизмор, Едвард Брнс, Џереми Дејвис, Вин Дизел, Бери Пепер, Џовани Рибици и Адам Голдберг морале да минат низ автентичен и брутален, воен тренинг-камп. Како дел од тренингот учеле да ракуваат со пушката М-1, трчале по 8 километри со 18 килограми опрема на себе и им било дозволено да спијат само по 3 часа на ден. Единствениот кој бил ослободен од оваа обврска бил Мет Дејмон, зашто режисерот Стивен Спилберг сакал да го оддели од останатите, за кај нив да се создаде презир кон него (што подоцна станува видливо во филмот). [Tuning Up: Skills Actors Learned for Movie Roles]

- Реклама -