Оние кои ја гледале серијата „Бегство од затвор“ многу добро го познаваат овој секси убавец.
Неговата сексуална ориентација долго време беше тема на шпекулации во медиумите, а сега тој ја откри вистината.
41-годишниот актер Вентворт Милер испрати писмо до директорот на St. Petersburg International Film Festival во Русија. Тој се заблагодарил за поканата да учествува на фестивалот, но напишал „Како хомосексуалец морам да ја одбијам поканата. Загрижен сум за начинот на кој се третираат хомосексуалците и лезбејките од страна на руската Влада“.
Вентворт упатил поддршка на припадниците на ЛГБТ заедницата во Русија, додавајќи во неговото писмо дека „не се сами“.
„Ситуацијата не е добра и јас не можам да присуствувам на настан чиј домаќин е земја каде што луѓето како мене не се прифатени и нивното основно право да живеат и да сакаат не се признава“.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша закон според кој секој кој ги промовира правата на ЛГБТ заедницата, како и секој турист кој е припадник на оваа заедница може да биде уапсен.
Милер, кој е од Англија, и стана познат на јавноста по серијата „Бегство од затвор“ во која го глумеше Мајкл од 2005 до 1009 година.