Океаните или морињата изглеаат како оази на мирот и тишината. Но, кога би зануркале и би се одалечиле од гужвите на плажа и звучите на моторите на чамците и бродовите нема да слушнете ништо. Но, на некои места во длабочинте на морињата и океаните на нашата планета можете ако се потрудите убаво да слушнете како и рибите пеат во хор, тврдат научниците. Пренесува списанието „Нов Научник“ (“New Scientist”)
Одредени видови риби, всушност, пеат самостојни делови, повторувајќи ги истите повици повторно и повторно, но кога овие звуци од различни риби се преклопуваат, се создава хорска мелодија.
Биоакустикот Роберт МекКоли и неговите колеги на универзитетот Куртин во Австралија снимиле гласни изрази на риби во крајбрежните води во близина на Порт Хедланд, Западна Австралија, тие цели 18 месеци снимале и успеале да идентификуваа седум различни хорови на риби што пеат за време на самрак и зора.
При снимањето, звук кој што допирал во позадината потсетува на длабоките звуци на рогот и тој звук доаѓа од видот Protonibea diacanthus, додека периодичниот звук во вид на „мрморење“ припаѓа на рибата Terapontidaei. Третиот учесник во групно пеење е нешто потивок и овој звук доаѓа од видот риби Ogcocephalidae кој пее нешто што личи на „ба-ба-ба“.
– „Слушав гласови на риби скоро 30 години и тие сè уште ме воодушевуваат со нивната разновидност“ – рече МекКоли.
Имено, вокализацијата игра важна улога во различните однесувања на рибите. Тоа е од суштинско значење за хранење, репродукција и територијални спорови. Ноќните предатори испраќаат порака до нивното јато да останат заедно додека ловат, додека рибите што се активни во текот на денот користат звук за да ја одбранат својата територија.
– „Имате утрински и вечерен хор, исто како и птиците од шумите“ – изјави морскиот биолог Стив Симпсон од универзитето Ексетер во Велика Британија. Научниците пеењето на рибите го снимиле со помош на морски рекордер за звуци, со тоа што едниот бил поставен во близина на самото крајбрежје на Порт Хедланд, а другиот на дваесет километри одалечен од самото крајбрежје.
-„ Со помош на нив бевме во можност да знаеме што се случува во длабочините 24/7 во текот на 18 месеци. Не знам ниту за еден нуркач кој би можел толку долго да издржи под површината на морето“ – додал Симпсон.