„Зелени ѕидови, црна храна“ – краткиот хорор филм што го документира живеењето во поплавени ходници и под прокиснати и срушени кровови во студентскиот дом „Гоце Делчев“, од денес е достапен и онлајн, на Youtube.
Документарецов всушност беше испитна вежба на Сандра Ѓоргиева – студентка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а својата премиерна проекција ја имаше во рамките на фестивалот Македокс во јуни 2015. Оттогаш беше дел од 8 интернационални фестивали, меѓу кои и во официјална конкуренција на Сарајево филм фестивал.