Консумирањето алкохол за многумина е знак на опуштање, славење или дружење, но има луѓе кои едноставно не знаат да прекинат на време.
Иако умереноста е клучна, некои хороскопски знаци имаат тенденција да претеруваат кога е во прашање на алхколот. Без разлика дали го прават тоа за да побегнат од реалноста, за да си поминат убаво или бидејќи не знаат да кажат „доста“.
Стрелец
Стрелците се познати по нивната љубов кон авантурите и убавите моменти, а кога ќе се најдат како пијат заедно, тешко е да ги спречите.
Нивната неисцрпна енергија и желба за слобода често ги наведува да побараат уште една пијачка, а потоа друга, додека не претераат. Стрелците пијат за задоволство, дружење и авантура, честопати потценувајќи ги своите граници.
Риба
Рибите се познати по нивната чувствителност и емоционална длабочина. Тие често користат алкохол како начин да избегаат од реалноста и преоптоварените емоции. Тие имаат тенденција да бараат засолниште во имагинацијата и бегството, а алкохолот може да им обезбеди привремено чувство на олеснување и заборав.
Иако на почетокот пијат за да се релаксираат, често завршуваат со претерување затоа што не знаат кога да престанат.
Овен
Овните се познати по брзото темпо и импулсивноста, што често се рефлектира во нивниот пристап кон пиењето. Кога Овен пие, тоа го прави брзо и без многу размислување, што често го наведува да претера.
Овните сакаат да бидат во центарот на забавата, а алкохолот им дава дополнително чувство на самодоверба и енергија. Меѓутоа, оваа импулсивност често ги доведува до ситуации кога ја преминуваат границата.
Лав
Лавовите се познати по љубовта кон вниманието и луксузот, а кога се во друштво сакаат да се чувствуваат како кралеви на забавата.
Уживаат во секој момент и ретко велат не кога ќе им понудат уште еден пијалок. Пијат за да се чувствуваат опуштено и самоуверено, а нивната страсна природа често ги наведува да претераат, особено ако чувствуваат дека се во центарот на вниманието.
Близнаци
Близнаците се социјалната пеперутка на Зодијакот, која секогаш бара нови искуства и интересни разговори. Нивната двојна природа често се рефлектира во консумирањето алкохол – еден момент можат да бидат опуштени, а во следниот целосно обземени од емоции или еуфорија.
Близнаците сакаат друштво и пиењето им помага уште повеќе да се опуштат, но имаат тенденција да ги губат нервите бидејќи едноставно сакаат повеќе забава и искуство.