Хостел за поранешни затвореници, што изгледа полуксузно од нашите домови

Суперкјуб е една од најинтересните структури на модерната архитектура, создадена од Пит Блом.Тој се наоѓа во Ротердам, Холандија.

Ако сакате да пробате како е да живеете во оваа супермодерниот зграда сепак … прво ќе треба да извршите кривично дело, да ја одлежите  казната и дури потоа да бидете испратени тука за да можете постепено да се адаптирате на животот на слобода.  Зградата служи како привремено живеалиште за поранешни затвореници.

Комплексот, замислен од креаторот содржи згради во облик на џиновски коцки. Првично комплексот служел за канцеларии, но постепено бизнисите изгубиле интерес: реонот не е блиску до деловниот дел на градот, има недостаток од светлина, а и во текот на летото е премногу жешко.

Така на местото се сместиле бездомници. Тие доброволно владееле со комплексот речиси 30 години, додека фондацијата Exodus Foundation не одлучила дека зградата одлично се вклопува во мисијата да им помага на поранешни затвореници да се прилагодат на животот во општеството.

По извесна реконструкција светлината влегла во зградата во големи прозорци од покривот до првиот кат. Посебен систем ја подобрува циркулацијата на воздухот.

Во зградата има многу отворени простории, за да можат жителите  често да комуницираат едни со други, за разлика од затворот.

Поранешните затвореници можат да поминат тука од половина до една година, за да застанат на нозе и да најдат работа и сместување.

- Реклама -