Еден холандски бизнисмен со месеци го гледал својот најдобар пријател како поминува низ пеколен развод, па одлучил да отвори хотел наменет за двојките што сакаат да ја прекинат нивната брачна заедница.
Холанѓанецот Џим Халфен го основал хотелот за разводи, кој ја олеснува сета макотрпна работа и им нуди на сите гости развод во рок од само два дена. Додека брачните другари во текот на еден викенд ќе уживаат во посебни соби, хотелските адвокати ќе ја завршат целата работа за нив.
Имено, основната намена на овој хотел е во рекорден рок да се завршат долготрајните процеси како што се поделбата на имотот и висината на алиментацијата. Divorce Hotel може да се најде на повеќе локации на холандска почва, а откако викендот ќе заврши, двојката треба да ги достави документите пред судија.
Досега овој концепт го испробале 17 двојки, а само една од нив не успеала да ја финализира разделбата во предвидениот рок од еден викенд.