Храна што го подобрува расположението

Честопати кога сме нервозни, вознемирени или пак под стрес, утеха бараме во храната, но честопати подоцна нѐ гризе совеста поради калориите кои што сме ги внеле. Еве неколку совети за тоа кои намирници треба да ги употребувате за да го подигнете расположението.

Зелен чај

Зелениот чај е одличен за смирување на нервниот систем. Имајте навика секогаш кога сте нервозни наместо таблета за смирување да испиете една шолја зелен чај. Тој ни помага и за концентрација и подобро помнење, а е одличен извор и на антиоксиданси.

Лосос

Поради Омега 3 масните киселини, лососот е здрав за срцето, но освен тоа тој е здрав и за нашата психа. Со неговата редовна консумација се бележи подобрување на состојбата кај депресивните луѓе, го намалува стресот и го подига расположението.

Прочитајте и:  Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, не треба да ја јадете оваа храна за појадок

Спанаќ

Спанаќот е одличен против тромавоста. Тој ќе ви помогне да се сконцентрирате, да ја разбистрите главата, а воедно и да ја подобрите крвната слика.

Чоколадо

Нашиот омилен десерт е незаменлив кога е во прашање стресот. Чоколадото, секако во мали количини, го намалува нивото на стрес хормонот и го храни и одржува мозокот.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -