Храна за пенисот: Намирници за супер потенција

За вашиот пенис секогаш нормално да функционира не е потребно многу. Само треба да посветите внимание на исхраната и успехот во спалната соба нема да изостане.Еве што е потребно:

Витамин Ц

Витаминот Ц освен во лимонот се наоѓа и во пиперките, компирите и јагодите. Неговата моќ го зголемува протокот на крв што е важно за постигнување ерекција.

Освен тоа витаминот Ц го намалува ризикот од инфекции на уринарниот тракт. Меѓутоа, важно е да внимавате и да не земете преголема доза на витамин Ц доколку сакате да избегнете стомачни тегоби. Препорачаната доза е 90 милиграми дневно.

Фолна киселина/витамин Б9

Фолната киселина ги намалува бројните абнормалности на пенисот, додека некои научници тврдат дека во комбинација со цинкот може да го зголеми бројот на сперматозоиди. За да имате доволна количина на фолна киселина во организмот јадете грашок, авокадо или ако сакате благо јадете банани, папаја и диња, а „пали“ и доматен сок.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

penis002

Витамин Б12

Недостатокот на витамини во организмот никогаш не е пожелен, особено ако се работи за витамини кои се важни за нервите и крвните садови. Витаминот Б12 го намалува ризикот од анемија, состојба која не прави слаби и уморни, а со самото тоа опаѓа и либидото. Овој витамин се наоѓа во јагнешкото месо, џигерот, сардините, школките, јајцата, говедското месо и во некои видови сирење.

Нијацин/витамин Б3

Уште еден важен комплекс на витаминот Б е Б3. Нијацинот е многу важен за сексуалниот живот затоа што помага во создавање на сексуалните хормони и ја подобрува циркулацијата. Има важна улога и кога е во прашање спиењето и ерекцијата. Витаминот Б3 го има во здравата и разновидна исхрана, како што се црвеното месо, млекото и во коренеститот зеленчук.

- Реклама -