Храна за подобар вид

Според научниците, хроничните болести на очите се најчесто последица на оксидација и воспаление. Истражувањата покажуваат дека лутеинот и зеаксантинот можат да го намалат ризикот од очни болести. Други истражувања заклучуваат дека храната богата со Ц и Е витамин, бета-каротен, цинк и омега-3 масни киселини, исто така, можат да ги забават процесите на влошување на видот поврзани со стареењето. Следуваат 6 извори што ќе ви го подобрат очното здравје:

Кељ. Богат со антиоксиданти и витамини што се борат против канцерот, кељот е и добар извор на бета-каротен и е врвната комбинација од лутеин и зеаксантин. Еденј филџан содржи 23.8 милиграми од двете. Користете го како салата, во комбинација со овошје или испечете ги листовите и направете чипс.

kelj

Пченка. Исто така содржи лутеин и зеаксантин. Истражувањата покажуваат дека што подолго се готви, се зголемува количината на овие нутриенти.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

pcenka

Спанаќ. Еден филџан густи листови спанаќ содржи 20.4 милиграми од лутеин и зеаксантин. Додајте го во сендвичите и салатите и имајте на ум дека готвењето му помага на организмот подобро да го апсорбира лутеинот.

spanajk

Брокула. Богата е со витамин Ц, исто така содржи и бета-каротен, но и лутеин и зеаксантин.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Јајца. Покрај протеините, јајцата не снабдуваат и со лутеин, витамин Е и омега-3. Некои видови јајца се дури и подобри. На пример, „Eggland’s Best“ јајцата имаат 38 проценти повеќе лутеин, 10 пати повеќе витамин Е и скоро дупло повеќе омега-3 од регуларните јајца.

egglands_best

Портокали. Богати се со витамин Ц, што го подобрува здравјето на очното ткиво, а придонесува и за регенерирање на други важни антиоксиданти во окото, како што е витаминот Е.

SONY DSC

- Реклама -