Христијаните веќе не се мнозинство во Велика Британија

Лондон, 30 ноември 2022 (МИА) – Англија и Велс повеќе не се мнозински христијански земји. Помалку од половина од населението на Велика Британија на последниот попис се изјасниле како христијани.

Процентот на Англичани и Велшани кои се изјасниле како христијани од 59 на пописот во 2011 година се намалил на 46 проценти.

Бројот на граѓани кои се изјасниле дека немаат религија се искачи на 37 отсто.

Припадниците на етничките малцинства сочинуваат дури две третини од жителите на Лондон, а бројот на белците во Англија и Велс е намален за околу 500.000, покажуваат првичните резултати од минатогодишниот попис.

Бројот на муслиманите се зголеми од пет на 6,5 отсто, додека процентот на оние кои се идентификуваа како Будисти, Сики, Хиндуси и Евреи остана главно ист како пред десет години.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Иако има забележлива промена во етничкиот состав, повеќе од 90 отсто од граѓаните на Англија и Велс изјавиле дека се чувствуваат Британци. Околу 82 проценти од луѓето во Англија и Велс навеле дека се белци, што е пад од четири отсто според пописот во 2011 година.

Азијците се втората по големина група во Велика Британија, во моментов со 9,3 проценти.

Луѓето кои се идентификуваат како Азијци, термин што генерално го користат Британците за жителите на јужноазиските земји, вклучувајќи ги Индија, Пакистан и Бангладеш, ја сочинуваат втората по големина група на население во Велија Британија со 9,3 отсто. Во претходниот попис ги имало 7,5 проценти.

- Реклама -