Хроника Гостивар-Напад пред локал, тепачка, нарушување на ред и мир…

Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрира неколку настани на подрачје на Гостивар, кои ги пренесуваме во продолжение:

„На 21.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Гостивар Д.Ѓ.(49) од Гостивар, пријавил дека пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 22.09.2024 во 04.15 часот на улица ,,Браќа Блажевски” во Гостивар. полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Н.Б.(43) од Добри дол и Н.Ј.(41) од Неготино полошко поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 22.09.2024 во 02.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Мара Угринова” во Гостивар го привеле А.Ѓ.(44) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.“

Извор