ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) во новиот извештај наведува дека наредбите на израелската армија за евакуација од Појасот Газа, кои доведуваат до принудно раселување на населението, претставуваат воено злосторство.

ХРВ собра докази дека израелските функционери вршат воено злосторство со присилно раселување на цивили. Израелските акции исто така ја исполнуваат дефиницијата за етничко чистење во областите каде армијата им нареди на Палестинците да заминат и каде што нема да можат да се вратат, се наведува во извештајот на невладината организација.

Израелските власти ги повикуваат жителите да се евакуираат поради воени операции, нагласувајќи дека на овој начин придонесуваат за заштита на цивилите.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Обединетите нации проценија дека во октомври имало 1,9 милиони раселени жители на Појасот Газа. Вкупно, на таа територија на почетокот на војната меѓу Израел и Хамас имало околу 2,4 милиони жители.

- Реклама -