Хрватите го сакаат Тито на еврото

Хрватски портал спроведе анкета за тоа која личност треба да се најде на хрватската верзија на еврото, откако ќе влезат во еврозоната.

Убедливо, во водство е Тито, а на второ место, со 600 гласа помалку е Фрањо Туѓман. Џони Штулиќ, на пример, добил 91 глас.

Меѓу предлозите биле и Мирослав Крлежа и Никола Тесла, но сите тие добиле малку гласови. Според коментарите, граѓаните сметаат дека по преименувањето на плоштадот кој го носеше името на маршалот, треба барем да му се оддаде почит со монетата.

- Реклама -