Хрватите ќе го видат вистинскиот Хансен

Данска делува моќно на овој светски шампионат, но спортската јавност во оваа земја сепак не е најзадоволна од настапите на Микел Хансен.Десниот бек, кој што важи за еден од најдобрите светски ракометари, не се наоѓа во својата препознатлива форма, но тоа сепак не се одразува врз резултатите на неговата селекција. Сепак, и на Хансен му е јасно дека на полуфиналето против Хрватска тој ќе мора да ја преземе одговорноста врз себе доколку сака Данска да стигне до големото финале.

„Можеби не бев на потребното ниво досега, но убеден сум дека ќе одиграм во топ-форма против Хрватска. Оваа селекција ќе го види моето вистинско лице, бидејќи сум решен да помогнам во атакот на трофејот. Досега имавме натпревари на кои што на соиграчите не им беше премногу потребна мојата помош, но стигнуваме во дел од натпреварувањето кога морам да ја преземам одговорноста. Ќе одговорам на тој предизвик“ – порача Хансен.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Во ситуација кога Данска има седум победи на мундијалот, Хансен сепак е цел на критики на новинарите во татковината, но тоа не му пречи премногу на членот на ПСЖ.

„Тоа им е работа, мораат да пишуваат за нешто. Се додека победуваме, јас ќе се радувам на резултатите, а на критиките секогаш гледам како на добронамерни“ – истакна Микел Хансен.

- Реклама -