Хрватска советува на своите граѓани да ги откажат непотребните патувања во Србија.

Министерството за надворешни работи и европски работи на Хрватска денеска упати предупредување до хрватските граѓани да избегнуваат патувања во Србија, освен ако тоа не е итно.

Во официјалното соопштение, се советува одложување на непотребните патувања, а патниците се предупредуваат да бидат внимателни, да го следат текот на состојбата и да прибават детални информации пред тргнувањето.

„Поради граѓанските протести, често доаѓа до ненајавени блокади на патиштата, што ја прави состојбата во сообраќајот непредвидлива и значително го отежнува движењето низ земјата“, стои во предупредувањето.

Исто така, се препорачува избегнување на места со големи собиралишта.

Шefот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, ги повика граѓаните да ги одложат своите непотребни патувања. За хрватските државјани кои веќе се во Србија, се советува да ја контактираат Амбасадата на Хрватска во Белград во случаи на вонредни состојби или итни ситуации.

Прочитајте и:  Вирални реакции по концертот на Џастин Бибер на Коачела – „Зошто воопшто купија билети?“