HTC го претстави новиот One A9

Тајванскиот производител на смартфони HTC го претстави вчера новиот долго очекуван модел HTC One A9.

122(16)

Смартфонот ќе почне да се нуди од почетокот на ноември во светски рамки, со тоа што неговата цена ќе се движи околу 400 долари (680 евра). Тоа е околу 250 долари под цената со која започна продажбата на постарите верзии на модели.

Уредот е со 5-инчен дисплеј, има скенер за отпечатоци и има 13 мегапиксели задна камера. Процесорот е осумјадрен Qualcomm Snapdragon 617. Смартфонот ќе се нуди во две варијанти со 16 и 32 GB меморија, со тоа што меморијата ќе може да се прошири со картичка до 2 терабајти.

Телото на смартфонот е метално, а боите меѓу кои ќе можат да избираат корисниците се – сребрена, златна и рубин црвена боја.

Од HTC ветија надградба на софтверот на смартфонот со новиот Android Marshmallow до 15 дена откако Google ќе ги пушти новите верзии на софтверот за своите Nexus уреди.

„Моделот One A9 е најдобриот паметен телефон кој сме го замислувале со години”, коментира претседателот на компанијата за САД, Џејсон Мекензи.

Во САД моделот ќе биде понуден со 30-дневен тест период, по кој корисниците ќе можат да се откажат од уредот.

- Реклама -