Хумана Скопјанка

Приказната e превземена од Фејсбук профилот на една девојка од Скопје.

bezdomnik-vo-skopje.jpg-cro

Деновиве во паричникот ми се најдоа некои си 1000 денари. Да ги потрошам на најблиските за празниците беа премалку, а за себе ми се чинеа премногу. Па одлучив да ги споделам со оние кои најмногу имаат потреба од нив. Се сетив на Цветан, пред некој месец си помуабетивме, ми раскажа дека има само 26 години, не работи никаде, живее на меѓуградската автобуска станица во Скопје, околу речиси 10 години. Кога зборуваме за бездомници, нему најчесто му ставаме префикс, “момчето што шета бос” и лете и зиме. Сигурно и повеќето од Вас така го препознаваат. Не можев, а да не направам нешто во врска со тоа, колку што можам барем основните потреби да ги задоволам. А и сфатив дека можеби оваа приказна повеќе ќе му одговара “момчето со нови чевли, пар чорапи, капа и ракавици и чоколадо за да ја почувствува новогодишната еуфорија..”

- Реклама -