Hyundai ќе претстави четири нови модели на премиум-брендoт Genesis

Концернот Hyundai најавува многу новитети од премиум брендот Genesis. До 2020 година во палетата треба да се појават дури четири модели од различните пазарни класи. Hyundai ќе произведува дел од луксузните модели на марката Genesis и во САД.

Прв од серијалот ќе е премиум седанот Genesis G70, кој треба да биде прикажан на крајот на оваа или почетокот на следната година. Овој модел ќе биде надграден на платформата од G80, но ќе стане покомпактен и полесен. Новата корејски машина ќе биде конкурент на пазарот на моделите Infiniti Q50 и Lexus IS. Првиот кросовер на Genesis ќе се појави во 2018 или 2019 година и ќе  задржи доста од стилските карактеристики на на концептот на Genesis, претставен во Њујорк – GV80. Најверојатно моторите ќе се бензински турбо со волумен од 2,0 и 3,3 литри, а можна и појава на хибридна опција.

До 2020 во гамата на Genesis ќе се појави и компактен кросовер, со димензии како Hyundai Tucson, а веројатно ќе ја користи и неговата платформа. Покрај тоа, од компанијата потврдија создавањето на ново спортско купе Genesis со заден погон. За него најверојатно ќе биде предложен 3,3-литарски мотор со моќ од 370 КС, V6 Твин-турбо бензински мотор, од компанијата.

- Реклама -