Јужнокорејската компанија Hyundai е првиот производител во светот кој го нуди системот на Google Android Auto во свој автомобил.
Технологијата веќе се нуди за моделот Sonata, а подоцна ќе биде интегриран и во другите модели на марката. Android Auto претставува повеќенаменски навигациски систем со пристап до богата листа на апликации базирани на Google Now. Меѓу нив се Google Maps со гласовни команди, популарни дестинации, потсетници за состаноци од календарот, информации за времето, пристап до онлајн музика и многу други.
Технологијата може да биде интегрирана во верзиите на сегашната генерација на Sonata, кои имаат систем за навигација. За функционирањето на Android Auto е потребен исто така смартфон со оперативен систем Android 5.0 Lollipop или понов, а самиот уред се поврзува со автомобилот преку USB.
Технологијата Android Auto беше лансирана во 2014 година, кога Google објави дека работи со неколку автомобилски компании, меѓу кои Hyundai, Audi и Honda. Се очекува до 2016 година системот да биде достапен во автомобилите на барем 28 автомобилски брендови. Главниот конкурент на Google, корпорацијата Apple, исто развива сличен систем, а партнери им се BMW, GM и Honda.
„На пазарите во развој, како Индија, системот на Google ќе има предност пред оној на Apple, бидејќи околу 85% од продадените во 2015 година телефони на овие пазари се со оперативниот систем Android”, изјави за BBC Уи Тек Лиу, шеф на компанијата Euromonitor International, кои се занимава со истражување на пазарот за електроника. „Hyundai Sonata е седан од средната класа, а повеќето од неговите сопственици се надвор оние 5% кои имаат телефон на Apple“, додава тој.
Колку до Hyundai, од компанијата веќе најавија дека наскоро нивните автомобили ќе можат да работат и со аналогниот систем на Apple, наречен CarPlay.