Hyundai заврши со проширувањето на фабриката во Турција

Hyundai Motor Company објави дека компанијата го заврши проширувањето на фабриката во Турција. Како резултат на инвестицијата од 634 милиони долари, производствениот капацитет на комплексот е удвоен, односно од него ќе излегуваат и до 200.000 возила годишно.

1

 

До крајот на годината, компанијата ќе вложи уште 43 милиони долари и на тој начин ќе се обезбеди работни места за повеќе од 2.700 луѓе.

2

Во фабриката на Hyundai во Турција и официјално започна производството на новата генерација на компактниот модел i10 што имаше светската премиера на салонот во Франкфурт пред неколку дена, пет години по своето деби на оригиналната верзија. Новиот Hyundai i10 е со целосно нов дизајн, особено впечаток остава стилистиката на задниот дел.

3

Оваа година, Hyundai одбележува 15-годишнината од формирањето на фабриката во Турција, во кој од 1997 година до сега се произведени над 700.000 возила.

4

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -