Следната генерација на исклучителниот i8 на BMW може да се нуди како целосно електричен модел, без хибриден погон.
Актуелниот i8 е управуван од 1,5-литарски 3-цилиндерски бензински мотор кој работи со еден електромотор. Нивната вкупна моќност изнесува 362 коњски сили, од кои 231 од нив доаѓаат од бензинскиот агрегат. Со заедничка работа на двата мотори i8 забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди и има максимална брзина од 250 km/h. BMW работи на варијантата во која бензинскиот мотор ќе биде заменет со два електрични мотори, кои ќе бидат вградени на задните тркала. Укинувањето на бензинскиот мотор ќе овозможи и користење на поголема батерија во спортското купе, решение кое ќе е полесно од верзијата со користење на хибриден погон. Анонимни извори поврзани со проектот, велат дека електромоторите, со кои ќе се појави следниот i8 работат на многу поголеми брзини од електромоторите кои во моментов се користат во автомобилската индустрија. Се претпоставува дека секој од двата нови електромотори има моќност од 268 коњски сили, а тоа ќе се одрази импресивно на динамиката на следната генерација i8.
Првите прототипи ќе бидат изградени врз основа на варијанти на i8 кој работи со водород, бидејќи тој дава најдобра опција за распоредување на батериите на подот на автомобилот. Пред да се појави целосно електричниот i8, BMW планира да предложи дотерување и некои подобрувања во овој модел. Најверојатно силата ќе биде зголемена до 420 коњски сили, благодарение на промени во електромоторите и бензинскиот мотор.