И Евровизија не остана без војна

evrosong2016-640x361[1]

Ако на овогодинешниот Евросонг победи претставникот на Руската Федерација, следната година Украина ќе одбие да учествува, најави директорот на Националната телевија на Украина – Зураб Аласани.

Тој се надева дека оваа година ќе победи украинската претставничка Џамала, која настапува со песна за кримските Татари.

Во согласност со правилата на Евровизија, земјата победничка е домаќин следната година.

„Ако победник биде човекот по име (Сергеј) Лазарев – овогодинешниот претставник на Русија, мислам дека догодина Првата национална програма ќе одбие да учествува на Евровизија“, наведува Аласани.

Во меѓувреме, украинската претставничка Џамала се избори за настап во финалето во сабота, а руските портали ја оцрнуваат тврдејќи дека Украина избрала политичка песна за кримските Татари со цел да ја претвори Евровизија во политичка арена.

- Реклама -