И кафето може да ве здебели

Доколку пиете повеќе од пет кафиња дневно, можете да се здебелите и да го зголемите ризикот од добивање на дијабетис, предупредуваат научниците.

Претходно, едни студии покажаа дека умереното конзумирање на кафе, може да ви помогне да ослабете, но тоа треба да се земе со резерва, доколку им верувате на истражувачите од Австралија.

Тие направиле експеримент врз глувци, каде ја тестирале хлорогенската киселина (CGA) која се наоѓа во кафето и откриле дека оваа состојка може да спречи губење на килограмите и да доведе до отпорност на инсулин.

Истражувањето објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry, покажало дека е потребно да внесете во организмот пет шолји кафе, за CGA да дејствува на тој начин.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Кај здебелените глувци оваа состојка исто така влијаела и на покачување на глукозата, односно зголемување на отпорноста на организмот на инсулин.

„Сите знаат за ефектите на кофеинот, но треба да имаат во предвид дека други состојки на кафето можеби немаат позитивно влијание врз здравјето. Затоа е многу важно да конзумирате кафе умерено“, вели Ванс Метјус, еден од авторите на студијата на Институтот за медицински истражувања во Западна Австралија.

 

 

- Реклама -