Во денешно време, на интернет можете да најдете речиси сѐ на продажба. Сепак, веројатно дека нема да верувате дека овие нешта се продаваат.
Во денешно време, на интернет можете да најдете речиси сѐ на продажба. Сепак, веројатно дека нема да верувате дека овие нешта се продаваат.
Едно нешто останува нејасно за овој производ – во кое соларче оди солта, а во кое биберот? Во секој случај, за што и да се одлучите, треба да знаете дека цената на овие 2 соларчиња е приближна на цената на вистинските хероин и кокаин.
Секако, можете да отидете и да си купите обична гас маска и потоа да ја адаптирате за пушење. Но, во овој случај, нема да биде потребна никаква адаптација. Овој неверојатен производ доаѓа подготвен и вам ви останува само да го наполните и да запалите. И сето ова е сосема легално.
Следниот пат кога ќе пиете пиво со пријателите, кога ќе морате да станете за да појдете до тоалетот, доколку не сакате никој да се напие од вашата чаша, употребете го алармот за пиво. Залепете го на чашата, вклучете го, а сензорот ќе се погрижи за останатото. Доколку некој се приближи до вашата чаша, алармот ќе започне да испушта звуци кои ќе ви известат дека некој тргнал по вашето пиво.
Кога сте во канцеларија, а никој не е расположен за јодлање, веќе се соочувате со итен случај. Ништо не го подига расположението како добро јодлање. Но, не очајувајте. Овој извонреден произовд ќе ја заврши сета работа. Вие само треба да го притиснете копчето. (Како нус појава на употребата, можете да си заработите отказ.)
Овие прекрасни чашки се производ на компанијата МОД Дизајн од Тајван. Се работи за порцелански чашки кои превртени изгледаат како копчиња од тастатура, а се продаваат заедно со складен послужавник. Веројатно, ова е производот кој има најголема смисла. На здравје.