И во викторијанската ера се смееле и се глупирале

Ако некогаш сте гледале фотографии од викторијанската ера, веројатно сте забележале дека никој не се смее. Судејќи по смртно сериозните фаци на сликите, ќе помислите дека во 1800-тите луѓето не ни сакале да се забавуваат.

Има многу теории за тоа зошто викторијанците секогаш изгледаат толку мрачно на сликите. Прво и основно – старите фотоапарати; процесот на фотографирање не бил едноставен како денес и била потребна подолга експозиција (под подолга мислиме на неколку часа). Ај вие смејте се неколку часа, да ве видам! Тука е и тогашната висока цена на портретите, која прави баш и да не ти е до смеење, особено ако имаш тежок живот како што имале многу од викторијанците. А да, тогаш бисерните вештачки заби не биле така чести како што денес ги гледаме кај секој тв презентер на вести, водител или хостеса на Бинго. Поточно, ич не биле чести, а забната хигиена била на ниско ниво, поради што многумина избегнувале да се фалат со лошите заби на скапите фотографии.

Прочитајте и:  Меѓунаордна изложба на уметничка фотографија - Фото Салон Куманово

А ете, како што ќе видите на портретите во продолжение, пак имало такви што наоѓале причина да се смеат и да се глупираат. Тоа ги прави фотографииве уште повредни.

1_88 2_131 3_137 4_98 5_124 6_109 7_127 8_114 9_105 10_79 11_69 12_55 13_49 14_48 15_43 anons_322

- Реклама -