Идеална скара за оние со потесен дом

Времињата кога морвте да ја прескокнувате вообичаената гломазна скара која го блокираше и онака тесниот простор завршија. Со новата таканаречена „Bruce Handrail“ скара, печењето на гурмански специјалитети на балконот, особено во ведрите и сончеви денови, отсега ќе ви претставува вистинско задоволство.

Одличниот дизајн е комбинација од долгнавеста решетка во облик на правоаголник, со длабок сад за ќумур и дрва, кој се закачува на рабовите на некој ѕид или сличен исправен простор.

Истиот е дело на Хенрик Дрекер, а со неговиот нов, генијален изум, правењето скара во домашен амбиент отсега ќе биде мошне попрактично.

Bruce-Balkongrill-2 Bruce-Balkongrill-3Bruce-Balkongrill-1 Bruce-Balkongrill-4Bruce-BalkongrillBruce-Balkongrill-5

- Реклама -