Идеалните кобинации на чоколадо со вино

Двете  намирници  кои животот го прават посладок и стаствен се добро вино во комбинација со вашето омилено чоколадо.Сепак и во тој поглед постојат идеални комбинации, па потребно е да посветите внимание при изборот. Некои видови на вино одговараат повеќе на одреден вкус на чоколадо.

На пример, со црно чоколадо, најчесто се пие благо црно вино, додека со белото порадо се дегустира десертно вино или розе. Тие се малку кисели, и поостри од благото црно вино.

n24467

Многу љубители на чоколадото сметаат дека е најважно да ја ослободат својата фантазија и да уживаат, бидејќи секој создава свој вкус и треба да биде отворен да проба разни видови на вино и чоколадо, додека не го пронајде она кое што најмногу му одговара.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

texas-wine-chocolate

Чоколадото и виното се во брак. Од тие комбинации не може да се создаде лош вкус, туку само уште подобро уживање. Трагањето по совршениот избор може да биде многу интересно.

Ако се уште не сте одлучиле како да го изненадите  вашиот партнер, еве ви едноставен предлог. Бидете фантазери, доколку не излете надвор од дома, пригушете ги светлата во станот или куќата, направете романтична атмосфера, пуштете музика, набавете флаша од омиленото вино, како и квалитетна вкусна чоколада и споделете ја со саканата личност.

wine-and-chocolate

 

- Реклама -