ИДФ не кријат: Од 105 убиени израелски војници во Газа, 20 загинале во „пријателски оган“

Од 105 израелски војници убиени во Појасот Газа за време на копнената офанзива, 20 загинале од таканаречен пријателски оган и други несреќи, покажуваат новите податоци објавени од Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Тринаесет од војниците беа убиени од пријателски оган поради погрешна идентификација, вклучително и во воздушни напади, тенковски оган и пукање.

Еден војник бил убиен од пукање во кое тој не бил цел, а други двајца биле убиени од ненамерно отворање оган, пренесува Тајмс оф Израел. Двајца војници загинале во инциденти со оклопни возила кои прегазија војници. Исто така, двајца војници биле убиени од шрапнели од експлозиви намерно поставени од израелските сили.

Војската соопшти дека постојано ги проценува тековните борби, вклучително и случаите на пријателски оган, и брзо ги спроведува научените лекции.

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан
- Реклама -