ИДФ: Цел на нападот беше амбулантно возило

Израелските безбедносни сили (ИДФ) потврдија дека цел на денешниот напад било возило на брзата помош, што го окористеле милитантите на Хамас. Додека палестинските здравствените власти соопштија дека превезувале повредени лица.

„Израелски авион погоди амбулантно возило што беше идентификувано дека се користи од терористичка ќелија на Хамас во непосредна близина на нивната позиција во борбената зона. Нагласуваме дека таа област е борбена зона. Цивилите во областа постојано ги повикуваме да се евакуираат кон југ заради своја безбедност“, се наведува во соопштението на израелската армија.

Министерството за здравство во Појасот Газа дека голем број Палестинци загинале во израелскиот напад врз конвојот амбулантни возила, со кој се превезувале најтешко повредени пациенти.

Прочитајте и:  Израел се согласи на примирје со Хезболах

Властите во Газа објавија дека конвојот бил погоден додека се движел од болницата Ал-Шифа во Газа со 15 до 20 тешко повредени пациенти и тие требало да стигнат до граничниот премин Рафах со Египет за да продолжат да се лекуваат во странство.

Претходно, директорот на индонезиската болница во Газа, Атеф ал Кахлоут, изјави дека биле примени 40 убиени и повредени лица во израелскиот напад.

Тој упати и апел до меѓународната заедница да пружи заштита на медицинскиот конвој кој утре треба да се упати кон граничниот премин Рафах.

МИА

- Реклама -