ИДФ: Уапсен директорот на болницата Ал Шифа поради докази за терористички активности

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) соопштија дека го уапсиле директорот на најголемата болница во Газа поради докази за широко распространета терористичка активност во објектот. Лекарот Мухамед Абу Салмија бил однесен на испрашување.

„Во болницата под негово раководство дејствуваше опширна терористичка активност на Хамас. Откако ќе утврдиме до кој степен тој бил вклучен во терористички активности, ќе одлучиме за понатамошните чекори“, соопшти ИДФ.

Израелските трупи извршија рација во болницата Ал Шифа минатата недела, тврдејќи дека таа била користена за воени цели од Хамас, што милитантната група го негираше.

„Мрежата на терористички тунели на Хамас лоцирани под болницата ја користеа електричната енергија и ресурсите на здравствената установа. Покрај тоа, Хамас складираше многу оружје во болницата и на теренот на болничкиот комплекс. Милитантите на Хамас побараа засолниште во болницата по нападот на Израел на 7 октомври, при што некои носеа заложници таму“, додаваат од ИДФ.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

МИА

- Реклама -